И денеска, масовни протести во Скопје

Сподели го ова:























opstina

И денеска реки од народ на сенародниот протест во Скопје. Голем број на граѓани од цела Македонија пристигнаа вечерва во главниот град на Република Македонија, а помеѓу присутните граѓани, присутен беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова што се нуди, не е почеток на преговори за Македонија. Ова е сликање во Брисел. За да ги почнеме преговорите потребно е промена на Уставот, а ние како партија, кажавме дека тоа нема да се случи. Најодговорно тврдам, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени и мислам дека ниту пратениците на СДСМ нема да гласаат, откако ќе го видат Протоколот кој што ќе го потпише Бујар Османи. Бидете спокојни и апел до македонската јавност дека уставни измени ние нема да поддржиме-истакна Мицкоски.



Сподели го ова:

Слични објави