ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 13 години од убиството на дечињата и рибарот кај Смилковско езеро

Сподели го ова:


























Денеска се навршуваат 13 години од грозоморното убиство на четирите деца и рибарот кај Смилковско езеро. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица кај Смилковското езеро во атарот на с.Смилковци-скопско. Тогаш четири детски животи згаснаа на лице место, а исто така тогаш настрада и рибарот кој што ловел риби во езерото.

Децата беа на возраст од 18 до 21 година-што значи млади детски животи, за кои што животот допрва ќе испишуваше нови убави страници во нивниот животен роман. Станува збор за: Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, Александар Наќевски, како 45-годишниот рибар Борче Стевковски. За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“. Во чест на загинатите на 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег кај Смилковци, на местото викано Кршиколе, беше осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња. ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!




Сподели го ова:

Слични објави