ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ! Магла на Плетвар, Крушево и на Стража


Сообраќајот на патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 до 100 метри има во Крушево, Маврово, крак Маврово-Стража и на Плетвар.
а одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.