| |

ПРИЛЕП Е ГОРД: Прво место за Јованоски на Светското првенство во Ј. Кореја

Сподели го ова:


























Минатата недела, поточно од 01- 08-ми октомври 2022 година во Гочанг- Јужна Кореја, се одржа Светското првенство во параглајдинг, каде настапи и тимот на GIN gliders во кој што членува и нашиот прилепчанец Мартин Јованоски.

Имено, Мартин е параглајдеристот од Прилеп и репрезентативец на Македонија, при што прилепчани треба да бидат особено горди бидејќи нашиот сограѓанин на ова светско првенство освои прво место како и 2,8 милиони корејски вони.

Многу честитки до неприкосновениот победник на ова натпреварување Мартин Јованоски, кој што освои две задачи и беше петти во третата.

Браво Мартин! Прилеп и Македонија се гордеат со тебе!




Сподели го ова:

Слични објави