ТАКСИ ПРЕВОЗ: Прилепчани се возат во стари и дотраени такси возила??
Такси превозот е незибежен превоз на дел од нашите прилепски сограѓани. Имено, оние кои што не сакаат да се возат со градскиот превоз (кој што за разлика од такси превозот е многу поефтин) користат возна услуга од страна на такси компаниите во Прилеп. Имено, овие компании моментов се соочуваат со една привидно катастрофална состојба наметната од високата цена на горивата, па може да се констатира дека истите врзуваат крај со крај за да опстанат на пазарот и да ја прехранат нивната фамилија.
Меѓутоа, се поставува прашањето во какви такси возила се возат прилепчани. Поголемиот дел од нив се стари и дотраени, надворешно и внатрешно несредени со искинати навлаки, миризба од цигари… Секоја чест на исклучоците, односно за таксистите кои имаат привидно средени возила, и ја одржуваат хигиената во сопственото такси возило.
Без разлика на кризата, сепак прилепчани плаќаат “такси превоз услуга”, и за истата очекуваат да добијат повратен соодветен квалитет… Нели??
Имено, кога МВР спроведува контрола во Прилеп, и кога такси возилата се праќаат на вонреден технички преглед, тогаш такси превоз во градот под Марковите кули речиси како да исчезнува, при што голем број на прилепчани кои секојдневно го користат овој вид на превоз, не можат да пристигнат на планираното место бидејќи кога МВР ги праќа возилата на вонреден преглед, тогаш такси нема “ниту за лек”, а таксистите “како да исчезнуваат”, а штом МВР ја прекине акцијата, веднаш такси превозниците повторно продолжуваат со својата работа по прилепските улици. Некои од прилепските таксисти велат дека вонредното испраќање на таксистите од страна на МВР се прави за да се полни буџетот, додека пак МВР години назанад истакнува дека сето тоа е за безбедноста на патниците. Кој е вашиот став??