КУЗМАНОСКИ: Упатувам искрена благодарност до сите вработени во нашето училиште за вложениот труд, одговорноста и професионалноста во организацијата и реализацијата на овој настан

Сподели го ова:























Денеска со пригодна и свечена програма во ООУ “Кире Гаврилоски” -Јане беше одбележан патрониот празник на ова прилепско училиште, кое што од ден на ден, добива се помодерен лик.

Овој настан започна со говор на директорот на училиштето Влатко Кузманоски кој упати искрена благодарност до сите вработени во училиштето за вложениот труд, одговорноста и професионалноста во организацијата и реализацијата на овој настан.

На денешната пригодна програма имаше голем број на гости, меѓу кои беа и градоначалникот Борче Јовчески, Претседателот на Сoветот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, директори на училишта, како и голем број на родители и деца.



Сподели го ова:

Слични објави