И оваа година во манастирот Св. Илија – Писокал кај с. Кален ќе врие од верници за празникот св. Елена и Константин
И оваа година за празникот Св. Елена и Константин, голем број верници ќе се соберат на голема прослава во манастирот Св. Илија Писокал кај с. Кален.
По повод празникот, на 02.06.2025 вечерната литургија ќе започен во 18h, а на 03.06.2025 ќе има масовен собир и свечена литургија со почеток од 07h утрото.
И старо и младо, на 02 и 03 јуни ќе се собере на едно место во манастирот св.Илија-Писокал, а ќе се прославува со музика во живо и македонски песни, токму онака како што заслужува нашиот македонски народ.