ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Казина, спортски обложувалници и еден угостителски објект, вчера вечерта беа предмет на акциската контрола спроведена од МВР

Сподели го ова:


























Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола, во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ.

Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, при што биле затекнати 13 малолетници без надзор на родител после 24.00 часот и тие биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци.




Сподели го ова:

Слични објави