|

ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: ФИЛМОТ “LIFE IS WHAT IT IS” НА ЗОРАН ПИЛОВСКИ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ФИЛМ КОЈ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ХРВАТСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ЕДНОМИНУТЕН ФИЛМ

Сподели го ова:























“LIFE IS WHAT IT IS” е македонскиот филм кој го изработи нашиот “на далеку” докажан прилепчанец Зоран Пиловски. Имено, овој филм е единствениот филм кој што ќе ја претставува Македонија на најновото издание на Хрватскиот интернационален фестивал за едноминутен филм. Филмот на Пиловски е влезен во официјалната програма за награда.

Имено, неговата “Fan Production” како една од најдобрите видео продукции во цела наша земја-а и пошироко, последниве периоди освен што беше ангажирана за фамилијарните средби и веселби, исто така беше ангажирана и за голем број на ТВ проекти како што беа: ТВ музички формат “Време е за балада со Гоце Балада”, изработката на голем број на музички видео записи за голем број на естрадни уметници, ангажирање на нивниот тим за снимањето на “Манџа”-кулинарското шоу кое се емитува на Канал 5 ТВ, шоу кое ги освои симпатиите на тв гледачите од целата наша земја. 

Доколку имате потреба за снимање на Вашата фамилијарна веселба, може слободно да дојдете во студиото на “Fan Production by Зоран Пилоски”, или да ги побарате на телефонскиот број 070-371-977. И за на крај ќе Ве поздравиме со познатата изрека од Цацко од К-15 која преку видео порака ја кажа за “Fan Production by Зоран Пилоски” а тоа е дека: “Сите слободно одете во “Fan Production кај Зоран Пилата”, бидејќи Зоран Пилата најубаво ќе ве пресече”….



Сподели го ова:

Слични објави