ГАЛЕРИЈА: Нови фрески во црквата “св.Петка” во населба Точила

Сподели го ова:


























Црквата “св.Петка” во населба Точила претставува црковен христијански храм, кој што секојдневно е посетуван не само од страна на верниците од населба Точила, туку и од останатите граѓани од општина Прилеп. Овој храм е местото каде што секојдневно мир пронаоѓаат голем број на верници. Имено, оваа црква е комбинација на современ историјат, ѕидовите се комбинација на полна печена цигла и ѕид од гранитни блокови, додека пак за надворешните ѕидови користена е една специјална печена тула. Храмот од почетокот на неговото осветување, постојано се надополнува со нови фрески, а така е и овој пат.

“Благодарение на донација од верници, нашиот храм е збогатен со уште две прекрасни монументални фрески: Тајната вечера и Богојавление. Бог да ги впише во книгата на животот имињата на сите кои на било каков начин помогнале, помагаат и ќе помагаат при изградбата, фрескоживописувањето и зачувувањето на велелепието на нашиот храм“-е истакнато на официјалната страна на социјалните мрежи од овој православен храм.

Напомена: Сликите се превземени од официјалната страна на социјалните мрежи од овој православен храм.




Сподели го ова:

Слични објави