Стефан Маркоски ќе настапи на Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022 година

Талентираниот прилепчанец Стефан Маркоски ќе настапи со новокомпонирана песна на најновото четврто издание на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022 година, фестивал кој што по четврт пат оваа година ќе се реализира во месец мај на големата фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Стефан на фестивалот ќе настапи со голем број на учесници кои доаѓаат од повеќе градови. Имено прилепчанецот Стефан, на фестивалот ќе се претстави со една екстра типска песна која специјално за него ја направи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески Балада. Музиката и текстот за песната од Стефан се на Гоце Балада, а аранжманот е на Рубин Димкоски-докажан музички авторски тим кој како тандем работи непрекинато во музичката творечка уметничка дејност долги години. Стефан има 9 години и учи во ООУ “Климент Охридски” во Прилеп. Талентиран е за свирење, пеење, а од она што можевме да забележиме од снимките-одлично пее и од своја најмала 3-4 годишна возраст. Гоце Балада за “STANICA.MK” изјави дека песната за Стефан е специјално направена баш точно како за него, и дека преку еден уметнички-музички аспект Гоце направил конкретен обид преку песна да го прикаже животниот вроден уметнички стил кој што од раѓање го поседува прилепчанецот Стефан. Како и сите учесници, така и Стефан Маркоски оваа година ќе се закити со музичка статуетка “МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД”. А како ќе звучи оваа екстра песна на Стефан Маркоски, ќе слушнете наскоро на најновото четврто издание на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022 година, фестивал кој што по четврт пат оваа година ќе се реализира во месец мај на големата фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп.Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! Во прилог погледнете дел од галеријата на слики со учесници од досегашните фестивалски изданија на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој што секоја година премиерно се одржува во Прилеп, а потоа фестивалот се емитува на неколку национални ТВ.