ЈОВЧЕСКИ: Ви посакувам среќна и бериќетна православна Нова Година со искрени желби за многу здравје, среќа и успех во неа

Сподели го ова:























Празникот Св. Василиј Велики, познат како Василица традиционално се празнува во Прилеп, каде што на овој празник традиционално се врти пита или лепче со паричка, а според обичаите се верува дека тој кој што ќе ја пронајде паричката, во текот на годината ќе го следи среќа. По повод Василица, честитката до верниците упати прилепскиот градoначалник Борче Јовчески по повод православната Нова Година, во која се вели:

“Ви посакувам среќна и бериќетна православна Нова Година со искрени желби за многу здравје, среќа и успех во неа. За сите мои сограѓани посакувам да биде еден нов почеток, да ни биде исполнета со многу радост и само позитивни мисли и заеднички просперитет во нашиот Прилеп! Исто така сакам уште еднаш да го честитам празникот Св.Василиј Велики, да сме здрави и живи и да го славиме уште многу години! Честити имендени на сите кои слават!” – се истакнува во честитката од прилепскиот градоначалник Јовчески, која е упатена до неговите сограѓани по повод православната Нова Година.



Сподели го ова:

Слични објави