Пронајдена e граната од Првата светска војна кај бензинска пумпа
Во Полициската станица Ресен, 41-годишниот З.Ч. вчера во 14:30 часот пријавил дека кај бензинска пумпа во селото Сливница пронашол граната.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна – информираат од МВР.