| |

Утре на “Канал 5 телевизија”, тв премиера на прилепскиот детски фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” каде ќе биде емитувано 4-тото издание на овој фестивал

Сподели го ова:


























Како велат – сето она што вреди и поседува квалитет се емитува на Канал 5 телевизија, а така е и овој пат со најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот кој утре за време на детскиот зимски распуст ќе биде емитуван во “ударен тв термин” на оваа телевизија. Четвртото фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот каде што настапуваат деца од цела Македонија, премиерно ќе биде емитувано утре (15.01.2023 година) во 10:30 часот на Канал 5 телевизија. Исто така, најмладата публика гледајќи го овој фестивал ќе може да се дружи и со омилениот фестивалски лик – маскотата на Веселото Ѕвонче. Креаторката на фестивалот Јана Илиеска најавува многу интересна забава за најмладата публика која утре пред тв екраните ќе ја проследи снимката од 4-тото издание на овој најактуелен фестивал.

Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година во Прилеп, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 




Сподели го ова:

Слични објави