“STANICA.MK” ПРВА ДОЗНАВА: Еве каде во Прилеп ќе се фрла (положи) светиот крст за Водици

Сподели го ова:























Големиот празник  Богојавление – Водици оваа година традиционално ќе се одбележи со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места, а главниот настан во Прилеп ќе се случи во малиот базнет во црквата св. Благовештение во Прилеп.

Утрото на 19.01.2023 година во 09-30 во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите и свечената божествена литургија, симболично ќе се фрли светиот крст во дворот на црквата во постоечката црковна фонтана.

Во духот на православната христијанска вера и традиција да го дочекаме големиот христијански празник Водици, со желба да останеме со позитивна мисла и верба во Бога.



Сподели го ова:

Слични објави