НАШИОТ ЧУДЕСЕН ПРИЛЕП: Прилепчанец ја исфрлил целата покуќнина веднаш до мостот кој води во типската населба

Која храброст ја имал нашиот сограѓанин, па преку ноќ на место каде стои информативна табла со ,, забрането одлагање на отпад”, ја исфрлил целата покуќнина. И ова не е на периферијзта на градот, не е на некоја дива депонија, ова е скоро во центарот на градот, на 10 сетина метри од оградата на ОУ,, Кире Гаврилоски-Јане.
И само што помислувате дека по поплавата која со себе го донесе и сиот отпад, совеста ќе ни проработи, наш сограѓанин преку ноќ го испразнил домот со непотребни стари кревети, теписи, пердиња, облека и обувки и ги исфрлил до мостот кој води во тиската населба.

Порака до ,, господинот” од ЈКП Комуналец – Прилеп:
Драг наш сограѓанину! За да бидеш господин во животот, само да си се јавел на 048 /428 992 и да пријавиш каков отпад треба да се подигне од твојот двор со бесплатната дополнителна линија од ,, Комуналец”, која секој четврток доаѓа на пријавената адреса и собира габаритен отпад и други ствари.
Драг ,, господине”, господин човек е оној кој ќе си ја организира работата, а други ќе му ја завршат.
Драг,, господине”, во 21 век, дозволувате Вашето дете утрово кога оди на училиште да ја види оваа грда слика во својот град и да има лоша перцепција во своето главче за својот роден град.
И за крај, Драг,, господине”, кога ќе бидете прав ГОСПОДИН?!
Комуналните работници веќе го исчистија местото, а случајот од страна на ,, Комуналеџ”, е пријавен во Инспекторатот при Локалната самоуправа.