Јовчески оствари протоколарна средба со амбасадорка на Романија Н.Е. Адела Моника Аксинте

Сподели го ова:
























Континуирано, Општина Прилеп последниве две години остварува пријателски, билатерални односи со сите дипломатски претставништва во Република Македонија. Денес во кабинетот на прилепскиот градоналакник Борче Јовчески беше остварена протоколарна средба и со Н.Е. Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија.

Целта на нашите активности во поглед на надворешната политика и воспоставувањето на пријателски односи со голем број на дипломатски претставништва во Македонија е да се претстават природните богатства и убавини на Прилеп, како и локалното стопанство и економската ситуација. Како Локална самоуправа преку овие средби работиме на можностите да се внесат дополнителни инвестиции во нашата општина и се разбира да се отворат нови работни места – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави