“Дени мебел” ги обнови столиците во црквата св.Петка во населба Точила

Сподели го ова:


























Црквата “св.Петка” во населба Точила претставува црковен христијански храм, кој што секојдневно е посетуван не само од страна на верниците од населба Точила, туку и од останатите граѓани од општина Прилеп. Овој храм е местото каде што секојдневно мир пронаоѓаат голем број на верници. Имено, оваа црква е комбинација на современ историјат, ѕидовите се комбинација на полна печена цигла и ѕид од гранитни блокови, додека пак за надворешните ѕидови користена е една специјална печена тула. Храмот од почетокот на неговото осветување, постојано се надополнува со нови фрески, а воедно исто така постојано се доуредува и внатрешно, и надворешно во самиот двор во црквата.

Имено, она што е ново во овој православен христијански храм се обновените столици, благодарение на Дени Мебел – Прилеп.

Благодарност до “Дени мебел” и тимот кој ги обнови старите столови во храмот и ги направи небаре нови. На сите кои помогнаа да се реализира ова дело во полза на храмот, да им се најде пред Бога и да им биде за здравје и спасение! – исталнаа од црковниот храм св. петка во населба Точила – истакнаа од храмот св. Петка на нивната официјална страна на социјалните мрежи.




Сподели го ова:

Слични објави