КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ПОЖАР? Дел од најмладите ученици од ООУ Климент Охридски – Прилеп, денеска беа во посета на ТППЕ-Пожарна Прилеп
Во склоп со наставната програма за второ одделение “Заштита од елементарни непогоди – заштита од пожар”, денес учениците од II-3 и II-4 одделение од OOУ Климент Охридски – Прилеп ја посетија ТППЕ-Пожарна Прилеп, каде ги проширија и збогатија своите знаења.
Целта на оваа активност е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите. Со ова, треба да се подигне свеста на најмладите за опасностите од пожари, а исто така на ваков начин учениците ќе се запознаат со начинот на работа на оваа установа.