Жалосно! После смртта на новороденчината во Прилеп, почина уште едно бебе
Вчера, на 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош – Скопје, било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето на Општина Шуто Оризари, лекар констатирал смрт кај тримесечно бебе кое било од машки пол.
По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција, а исто така бил извршен и увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.















