Фотографијава потсетува на битолски “Широк Сокак”, меѓутоа ова е Прилеп! Карневалската магија и денеска ги маѓепса прилепчани
Денес уживавме во детската карневалска поворка во срцето на Прилеп, исполнета со радост, боја и креативност.
Центарот на градот блескаше во прекрасните маски подготвени со многу труд и љубов од нашите училишта, наставници и ученици.
Оваа детска енергија и насмевките на најмладите се најубавата најава за утрешното продолжение на карневалот Прочка во Прилеп, традиција што гордо ја негуваме и ја пренесуваме на идните генерации.
Честитки до сите учесници, до менторите, наставниците, до родителите и до сите кои вложија труд денес Прилеп да изгледа вака прекрасно и достоинствено.


















