ВО ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР-БЕШЕ СПРОВЕДЕНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Сподели го ова:























Под координација на градоначалникот Никола Најдовски, денес се организираше хуманитарна активност, а во пресрет на големиот христијански празник, Велигден. Традиционално, хуманитарната активност се спроведува од собраните финансиски средства од хуманитарниот меѓуинституционален турнир во мал фудбал под покровителство на општината и градоначалникот, седми по ред оваа година.Претставници од натпреварувачките екипи од јавни претпријатија и установи кои учествуваа на овогодинешниот турнир со уплатен утврден износ на партиципација, заедно со преставници од општината се мобилизираа, подготвија и дистрибуираа социјални пакети со храна – прехранбени производи, а кои се наменети за најранливи домаќинства во населените места во општината.

Градоначалникот Најдовски, срдечно го поздрави овој гест за почит ѝ им се заблагодари на сите кои, преку учеството на спортско – рекреативната манифестација, непосредно помагаат за нашите социјално загрозени домаќинства на територијата на општината.-Хуманоста е врвен приоритет и највисока морална доблест која, не се учи, но се поттикнува, надградува, и афирмира во интерес на локалната и пошироката заедница. Со посебно внимание, љубов и несебична грижа кон социјалната категорија на наши сограѓани, великодушно и алтруистички да се потрудиме да ја почувствуваат празничната радост и да си го поминат празникот во добро здравје, семејна хармонија, радост и среќа со нивните најблиски. Континуирано, со силна поддршка ќе настојуваме кон секоја форма на солидаризација со семејствата што се социјално загрозени. И, затоа, апелирам до сите оние кои имаат можност и услови да помогнат онаму каде што навистина помошта е непходна, и да ја покажат хуманоста на дело, истакна Најдовски.



Сподели го ова:

Слични објави