ТРАДИЦИОНАЛНО: Прилепчани како и секоја година така и оваа, го одбележаа св. Трифун кај “Склештен мост”
Денеска, по повод денешниот празник св. Трифун, прилепчани традиционално како и секоја година, беа кај параклисот посветен на Св. Трифун, кој се наоѓа кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп.
По повод денешниот празник, Св. Трифун, традиционално присуствував на одбележувањето на истиот во близина на месноста Склештен мост. На мое големо задоволство на славењето на овој светител кој е заштитник на лозарите, присуствуваа голем број наши сограѓани. Во склоп на овој празник, исто така ги посетив и лозовите насади на Винаријата „Сарика“ каде традиционално направивме закројување на виновата лоза. Нека ни е за многу години Св. Трифун! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.