Унијата на жени заедно со Унијата на млади сили на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, организираше хуманитарна акција

Сподели го ова:


























По повод најголемиот верски празник Воскресение Христово-ВЕЛИГДЕН, Унијата на жени заедно со Унијата на млади сили на ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП, организираше хуманитарна акција. На 30 социјално ранливи семејства, им беа доделени пакети со прехранбени продукти за достоинствено да го дочекаат најрадосниот ден во христијанскиот календар. “Со овој гест уште еднаш сакаме да покажеме дека ВМРО ДПМНЕ секогаш ги почитува хуманите вредности и во духот на Православието помага каде што е најпотребно.За многу години и на помош да ни бидат претстојните велигденски празници!”-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави