“Солза и смеа” доаѓаат во Кавадарци на 19 февруари со хит театарската претстава “Леле ШО ќе ти направам”
“Солза и смеа” доаѓаат во Кавадарци, меѓутоа после толку години стенд-ап шоу, овој пат ќе се претстават со театарската претстава која е хит низ цела Македонија. Станува збор за урнебесна комедија која носи наслов “Леле ШО ќе ти направам”, која ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Кавадарци доаѓаат на 19.02.2026 година (ЧЕТВРТОК) , а комичното шоу е закажано за во 19:00h во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите кавадарчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате ВЕДНАШ 24/7 на 077/867-169.
Цена на билет: 300 денари.


















