ВО ЗДРАВО ТЕЛО – ЗДРАВ ДУХ: Во Прилеп започна турнирот во фудбал за млади категории „Прилеп Куп“ 2023

Денеска во Прилеп започна турнирот во фудбал за млади категории „Прилеп Куп“ 2023, на кој ќе земат учество 58 екипи и над 800 талентирани фудбалери. Ова е прекрасна прилика за промоција на градот Прилеп преку најважната споредна работа на светот, а тоа е фудбалот, а каде би се одржал ваков турнир ако не во „најфудбалскиот град“ во Македонија.
“Ја искористив оваа прилика да ги охрабрам сите учесници на годинешниот „Прилеп Куп“ и да им порачам да веруваат во себе и да продолжат уште поинтензивно да се занимаваат со овој спорт за да го задржат здравиот дух во себе. Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани и активности се со цел промоција на спортот и вистинските вредности!” – истакна меѓу другото прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.