ХРАБРО МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Христијана Парулеска на светското првенство во Казахстан освои бронзен медал
Репрезентацијата на МТТФ на Светско Таеквон-до ИТФ првенство во Астана-Казахстан, ја претставува нашата држава во две дисциплини , во спаринг – борби и форми-борба со замислен противник. Токму од ова светско првенство имаме одлична вест, а тоа е дека нашето храбро македонско девојче Христијана Парулеска го даде својот максимум, и не израдува со одлични резултати.
Имено, оваа млада охриѓанка освои бронзен медал на ова светско првенство во категоријата спаринг борби / јуниорки од 14-15 години.
Секоја чест Христијана Парулевска!