Уапсен е Љупчо Палевски – Палчо

Љупчо Палевски Палчо кој е првоосомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е уапсен.
Повеќе медиуми објавија дека Палчо е уапсен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. Во однос на ова, Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција која ќе биде вечерва во 22:30 часот.
