|

Изминатиот викенд, ООУ Кире Гаврилоски – Јане беше централното место каде беше собрана целата прилепска младина

Сподели го ова:


























Како што информиравме во претходните наши објави, изминатиот викенд во ООУ Кире Гаврилоски – Јане по четири години пауза, се одржа турнир во баскет “КГЈ 3X3”, а на спортскиот терен во училишниот двор имаше неверојатна акција на теренот! 

Овој викенд имаше незаборавни натпревари, многу забава и изненадувања, каде младите имаа шанса да ги покажат своите вештини, а сликата од оваа објава (која е превземена од Facebook страната на ООУ Кире Гаврилоски – Јане) во целост ја доловува спортската магија која викендов преовладуваше во Прилеп.

Пред почетокот на новата учебна година, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, во нашето училиште се одржа турнирот во баскет “КГЈ 3×3”. Нашето училиште секогаш е со отворени врати за млади ентузијасти! Нашиот училишниот двор беше преполн со млади луѓе! Спортот, рекреацијата, забавата, веселите и насмеаните лица СЕКОГАШ се добредојдени кај нас! Честитки до најдобрите, но за нас СИТЕ СЕ ПОБЕДНИЦИ!” – истакнаа од ООУ Кире Гаврилоски – Јане.




Сподели го ова:

Слични објави