Битолскиот градоначалник и пратениците на средба со почесните конзули во Битола

Сподели го ова:





























Попладнево заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, носителот на листа Филип Поповски и пратениците од македонското собрание Пеце Милевски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, имавме пријатна средба со почесните конзули во Битола, на Франција Калиопа Стилиновиќ, на Романија Александру Мамакис и Црна Гора Милорад Андријашевиќ.

Разговаравме за унапредување на соработката, нови можности, развој на нашиот град, како и за заеднички иницијативи кои ќе придонесат за подобра иднина на младите.

Битола отсекогаш била град на култури, дипломатија и отворени врати, а ваквите неформални средби ја зајакнуваат таа традиција – порача Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави