Убедлива победа на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори 2021

Сподели го ова:


Вчера заврши вториот круг од локалните избори во нашата земја, избори според кои Александар Даштевски-Претседателот на Државната изборна комисија ги прогласи како успешни. ДИК веќе ги објави неофицијалните првични резултати врз основа на кои во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалнички места, СДСМ само 7, ДУИ 7, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по 2 градоначалнички места. По едно градоначалничко место на овие избори имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ. Она што е важно е дека во вториот круг победи и независната кандидатка за градоначалник на Скопје-Данела Арсовска која беше поддржана од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата,независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески, како и независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово.





Сподели го ова:

Слични објави