Градоначалникот Борче Јовчески и Претседателот на Совет Дејан Проданоски денеска беа присутни на одбележување на 120 години од смртта на Методи Патчев

Сподели го ова:


Градоначалникот Борче Јовчески и Претседателот на Совет Дејан Проданоски денеска беа присутни на одбележување на 120 години од смртта на Методи Патчев во Кадино Село.

Преку рецитали, песни и реферат учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ не потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.
По повод 120 годишнината, цвеќиња на гробот на Методи Патчев положија претставници од Општина Прилеп, Совет на Општина Прилеп, претставници од ООУ „Страшо Пинџур“, претставници од политичките партии, патриотски здруженија и почитувачи на неговиот лик и дело.
Панихидата во чест на великанот Методи Патчев ја изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар.


Методи Патчев е роден на 14 мај 1875 година во Охрид а загинал откако бил предаден во 1902 година во Кадино Село бранејќи ја Македонија од турскиот аскер.
Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.1 од 27  





Сподели го ова:

Слични објави