Донирајте за Стефанија! – младата прилепчанка со прекрасна искрена насмевка
Младата Стефанија Попоска од Прилеп која има само 15 години, живее живот каде што секој нејзин ден е борба – борба за чекор, за стабилност, за малку детска слобода… за живот без болка.
“Ние сме мајка и татко на нашата Стефанија. Таа има 15 години. Стефанија се роди со тешка дијагноза. Од првиот нејзин здив, таа не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Помина низ неколку операции, гледавме како лежи, трпи, се мачи… а ние, не можеме да направиме многу, освен да ја држиме за рака. Живееме скромно. Јас сум инвалид. Сопругата и јас правиме се што можеме, но тоа се почесто не е доволно.Сега, по консултација со лекари, добивме мала искра на надеж: во болницата Неуромедик во Ниш и нудат специјализиран третман кој може значително да и го подобри движењето. Терапија што може да и го смени животот. Но, цената е недостижна за нас. Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни” – замолуваат родителите на Стефанија.
Помогнете и на Стефанија. Секоја донација е глас на надеж.
Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре!
За Стефанија од Прилеп може да донирате на следниот ЛИНК или пак на донаторските броеви, каде можете со еден повик да донирате по 100 денари.
- За корисниците на Телеком: 143 106
- За корсниците на А1: 143 477















