Дали во Прилеп постојат СПОНЗОРУШИ, кои се тие, и колку заработуваат-погледнете во прилог

Во денешно време спонзорушите и старлетите се оние девојки кои во јавноста се буквално премногу популарни, не работат ништо во својот живот, единствено можат да се сликаат само за во Плејбој или пак самите тие ќе се појават само во некое реалити шоу, и толку. Во вечерните часови најчесто се забавуваат со некои богати луѓе кои што се способни дебело да им плаќаат на девојките за нивното друштво. Од терминолошки аспект, поимот старлета потекнува од Италијанскиот збор “starletta”, што претставува ѕвездичка. Анализирано во основни црти, старлетата е млада, театарска глумица која игра споредни улоги, меѓутоа како резултат на нејзината упорност, таа се претвора во перспективна актерка- и не претставува ништо вулгарно. Да, ова е реалниот поим и објаснување за старлетата, меѓутоа во овој денешен свет каде што се губат човечките вредности и кога поимите се измешани, денешните спонзоруши се нарекуваат “старлети”, и истите дебело заработуваат благодарение на богатите момци кои постојано се сликаат и врткаат околу нив. А дали во Прилеп постојат СТАРЛЕТИ и СПОНЗОРУШИ, кои се тие, и колку заработуваат-останува знак прашалник…