|

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше промовирана книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски.

Сподели го ова:




Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше промовирана книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски. На промоцијата на ова книжевно издание посветено на творештвото на Конески, кое е само неколку дена пред одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески покрај другите гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Совет, Дејан Проданоски и претставници од Фондацијата „Небрегово“.

Книгата „  Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, зборува за творештвото на Конески од агол кој не е  често користен, издание кое е значајно и според предметот на истражувања и според резултатите кои ги нуди,  вели  д-р Мишел Павловски.





Сподели го ова:

Слични објави