ГОСПОД ДА МУ ПОМОГНИ: Сеуште во критична состојба е еден од повредените од вчерашната сообраќајка на патот Прилеп – Градско
61 годишниот возач од Свети Николе кој вчера се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајката кај Росаман, се уште е во критична состојба, и истиот се наоѓа на механичка вентилација.
Што се однесува пак до останатите двајца повредни во страшната сообраќајна несреќа која се случи вчера, тие моментално се во стабилна состојба, при што едниот е хоспитализиран на Торокална, а другиот е хоспитализиран на неврохирургија.