Прилепчани ги разбуди студено зимско утро од -3 степени под нулата

Сподели го ова:

Со официјалното доаѓање на зимата, започнаа и студените утрински температури. Имено, денес граѓаните во градот под Марковите Кули ги разбуди студено утро, каде температурата достигна под нулата, односно -3 степени. Очигледно дека конечно е време да се навикнеме на овие температури, кои се својствени за овој период од годината. 

Имено, денеска времето претпладне во Прилеп и прилепско ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 8 степени.



Сподели го ова:

Слични објави