Прилеп му се поклони на големиот великан! 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Сподели го ова:





























Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод, пред спомен-бистата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, институцијата што со гордост го носи неговото име, делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација од училиштето „Гоце Делчев“ заедно со претставници од останатите училишта и граѓани, положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на великанот на македонската држава.

Делото и идеалите на Гоце Делчев остануваат трајна инспирација и водилка за македонскиот народ и за идните генерации!

Нека е вечна славата на Гоце Делчев!




Сподели го ова:

Слични објави