Прилеп ќе добие „Фабрика за рециклирање на отпад“

Прилеп ќе добие „Фабрика за рециклирање на отпад“, а оваа вест ја соопшти прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој истакна:
“На наше огромно задоволство прифатен е амандманот со кој што се обезбедуваат 90.000.000 денари или 1.500.000 евра за реализација на проектот за изградба на „Фабрика за рециклирање на отпад“ во општина Прилеп!
Огромна благодарност до претседателот Hristijan Mickoski и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а особено на прилепските пратеници Ane Laskoska и Петар Ристески – пратеник во Собранието на Република Македонија за нивниот ангажман и труд кој што секојдневно го вложуваат во Собранието.
Во време на опозиција и тешки услови за нашата држава конечно започнува процесот на децентрализација на буџетски средства за изградба на капитални проекти во општините!
Со реализацијата на овој проект ќе ја продолжиме нашата грижа за заштита на животната средина, ќе се овозможи отворање на нови работни места, а Прилеп со сигурност ќе продолжи да биде лидер во Република Македонија во однос на менаџирањето со отпадот.
Ова дефинитивно ни дава поттик да продолжиме уште посилно да делуваме и да работиме на развојот и иднината на нашиот Прилеп.
Важно е промените да продолжат и сакам да напоменам дека следува период во кој што заедно ќе реализираме уште капитални проекти за подобра иднина на сите прилепчани, онака како што ветивме!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.