Денеска е славата на манастирот во “прилепско Небрегово”

Сподели го ова:
























Денеска е голем христијански празник, а православните верници денеска го празнуваат празникот посветен на св. Јован Предвесник и Крстител, а врз основа на тоа денеска манастирската црква „Свети Јован Крстител“ во село Небрегово, ја слави својата манастирска слава.Станува збор за црква која е изградена дури во далечната 1970 година на имотот каде што претходно постоела стара црква. Имено статоците од старата црква се наоѓаат на источната страна, поточно зад олтарниот дел од денешната црква.

Новоизградената црква е осветена на 17 мај 1992 година, додека пак на камбанаријата има ктиторски натпис од кој што се забележува дека била изградена во 2014-тото лето Господово Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а во црковниот двор има изграден конак, при што првиот дел од конакот е изграден во 1970 година. Оваа манастирка црква претставува одлично место за релаксација, како и место каде што голем број на прилепчани си го пронаоѓаат својот мир.




Сподели го ова:

Слични објави