Германската Амбасадорка во посета на ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп
Денеска во посета на ООУ “Кочо Рацин” -Прилеп беше Амбасадорката на С.Р. Германија, Н.Е. г-ѓата Петра Дрекслер. Оваа вест беше објавена од страна на ООУ “Кочо Рацин” -Прилеп:
“Денес во посета на нашето училиште беше Амбасадорката на С.Р. Германија, Н.Е. Г-ѓата Петра Дрекслер. Оваа посета, прва од ваков вид во нашето училиште, беше своевидна потврда за ангажманот на нашите наставнички по германски јазик кои несебично се вложуваат не само во промоција на изучувањето на германскиот јазик, туку и во промоција на нашето училиште во европски рамки. Ни претставува особена чест и задоволство што имавме можност да дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме, но и придобивките од изучувањето на германскиот јазик во ова време” – истакнаа од ООУ “Кочо Рацин” -Прилеп.