Уапсен e Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Сподели го ова:























Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири

Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.



Сподели го ова:

Слични објави