Денес во просториите на СОУ „Орде Чопела“ се одржа турнир во шах по повод 3-ти Ноември

Шахот го тренира логичкото размислување. Тој не учи како да се донесуваат одлуки, ја тренира меморијата, ја зајакнува волјата и ги мотивира децата да победуваат, но и ги учи како да се справат со поразот.
Денес во просториите на СОУ „Орде Чопела“ се одржа турнир во шах по повод 3-ти Ноември, во организација на Шаховскиот клуб „Прилеп“ со поддршка од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, на кој што учество зедоа околу 60 учесници од средните училишта.