Голем дел од учениците од основните прилепски училишта се во посета на Швајцарија
Голем дел од основците од основните прилепски училишта моментално се наоѓаат во посета на Швајцарија, како дел од меѓународната интеркултурна размена во детското село Песталоци во Троген.
Оваа размена е дел од проектот за имплементација на Конвенцијата на правата на детето преку различни форми на ученичко учество, проект кој се реализира во соработка со НВО СЕГА и Фондацијата Песталоци од Швајцарија.
Се надеваме и веруваме дека прилепските основци во Швајцарија ќе се покажат во најдобро светло, а воедно и дека ќе стекнат нови вештини кои што ќе ги применат понатаму во нивниот живот.