Генерално чистење на обиколницата и излезот во Варош

Сподели го ова:
















Од денеска, комуналците започнаа со чистење на обиколницата од кај Жито Прилеп, и излезот во Варош. На овој потег подолго време не е извршено темелно чистење. По локалниот пат направени се голем број диви депонии каде се исфрлени големи количини на комунален и градежен отпад, асфалт отпадни гуми и што ли уште не. Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата Алинци. По дислокацијата на дивите депонии, комуналците ќе продолжат со чистење на трње и шипови, како и косење на сува трева и собирање на отпадоци.Според оперативците од ,,Комуналец,, , на овие два потези, обиколницата и излезот во Варош, ќе се работи една недела.







Сподели го ова:

Слични објави