ВИДЕО-Ирена Стерјоска Локвенец: ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА ОПШТИНА ПРИЛЕЛ ЗА 4 ГОДИНИ ПОТРОШИЛА 66.468.765,00 ДЕНАРИ

Сподели го ова:


Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на комисијата за финансирање и буџет, денеска одржа прес конференција на која ја изнесе финансиската состојба на Општина Прилеп која е затекната после локалните избори 2021 година. Имено покрај другото, што таа денес изјави: “Исто така, друга ставка која остава впечаток при анализата на финансиската документација е ставката на привремени вработувања.  Рекапитулацијата на оваа ставка во период од 2018 до 2021година е фантастични 66.468.765,00ден. Од тука може да се види на кој начин се водела кадровската политика на ниво на нашиот град. Само за споредба, во период од 2013г. до 2017г. на оваа ставка биле потрошени 5.400.000,00ден.Она што треба да го знаат граѓаните е тоа што овие високи средства на буџетски пари се на сметка на намалување на средствата за капитални расходи кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти”-истакна Ирена Стерјоска Локвенец





Сподели го ова:

Слични објави