Проданоски: Продолжуваме понатаму, со обединета енергија и јасна насока!
ВМРО-ДПМНЕ денес во Кавадарци го одржa својот 18-ти редовен Конгрес. Овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство. На Конгресот беше донесена новата Стратегија на партијата: “Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (ПРАВЦИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ, РАЗВОЈ И ДРЖАВНО ВОДСТВО), како и пропратни документи на истата.

Во духот на обединетост и решителност, 18 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ донесе уште една потврда за силата на визијата и довербата, реизборот на претседателот професор доктор Христијан Мицкоски. Ова е признание за континуитетот, посветеноста и јасната цел, силна, стабилна и просперитетна Македонија. За генерациите што доаѓаат, ова е порака дека со истрајност, работа и љубов кон татковината, можеме да градиме иднина во која сите веруваме. Продолжуваме понатаму, со обединета енергија и јасна насока! – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















