Пожар во болницата во ПРИЛЕП

Сподели го ова:


Во текот на вчерашниот ден се случи пожар во прилепската болница, при што пожарот зафатил простории на техничката служба во самата болница. Врз основа на нашите информации од ОВР-Прилеп при самото пријавување на пожарот е укажано дека пожарот е настанат од кабел. Она што моментално е најважно дека нема повредени лица од настанатиот пожар. Имено, штом веднаш се појавил пожарот, во прилепската болница некои вработени се обиделе веднаш да го изгаснат пожарот кој ги зафатил просториите на техничката служба на болницата, меѓутоа веднаш пристигнала и ТППЕ-Прилеп, при што веднаш пожарот бил ставен под контрола и изгаснат. Неофицијално-како што изјавуваат очевидците, кај дел од пациентите во Прилепската болница веднаш настанал страв кога од прозорите го виделе противпожарното возило, па како резултат на тоа кај некои пациенти настанала паника.





Сподели го ова:

Слични објави