Мицкоски: Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација
Македонија ќе биде пристојно место за живеење – порача премиерот Христијан Мицкоски, при што додаде:
“Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:
Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.
Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.
Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација” – порача Мицкоски.