Фудбалерите на ФК Победа, последниот меч од полусезоната ќе го одиграат против Брегалница во Штип
Утре со натпреварите од последното 18-то коло (13 часот) завршува есенска полусезона во Првата лига. . Домаќините во подобра форма и со речиси двојно поголемо бодовно салдо го пречекуваат последниот меч од полусезоната, за разлика од црвено-белите кои се во евидентна криза како на игра така и на резултати.
Штипјани евидентно се фаворити на утрешниот натревар, а од друга страна црвено-белите пак нема што да загубат. По некое непишано правило дуелите во кои има изразити фаворити дополнелно ги мотивираат аутсајдерите со максимално залагање да се надигруваат за да стигнат до поволен резултат и да направат своевидно изненадување.
Победа низ годините знаела да одигра добро и да освои бодови во Штип против еден од традционалните ривали во историјата на македонскиот фудбал. Во секој случај меч во кој мора да се пружи максимум и да се оправда довербата пред паузата во која клубот треба да се консолидира доколку сака напролет да избори опстанок во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција – се истакнува на официјалната Facebook страна на ФК Победа – Прилеп.